Skip to main content

На Булевар Туристичка се поставуваат полиетиленски водоводни цевки

На Булевар Туристичка се поставуваат полиетиленски водоводни цевки.

 |  Валентина Неловска  | 
bulevar

Се менуваат азбестните водоводни цевки со нови на  Булевар Туристичка од потегот на ЈП за Стопанисување со станбен и деловен  простор до пресекот со улицата Јане Сандански. Со тие активности ЈП Проаква со поддршка на ЛС ја реконструира  застарената водоводна мрежа, информира Љупчо Танески, портпарол на Одделението за комунални дејности и сообраќај.

„ Станува збор за поставување нова водоводна инсталација и мрежа во должина од 300 м. Во првите 200 местри ќе биде поставена цевка со профил фи 110, а останатите 100 метри се редуцира на 63 фи замена на старите азбестни цевки со нови полиетиленски цевки. Имајќи ги предвид физичките карактеристики станува збор за модернизација и реконструкција на водоводната мрежа,“ посочува Танески.

bulevarЈП Проаква, досега, на територија на Охрид на деловите каде што се граделе кружните текови на Булевар Туристичка,  улиците Ристо Чадо и Питу Гули  поставила 15 км нови  полиетиленски цевки на водоводната мрежа.
Покрај замената на водоводната мрежа која ја поставува ЈП Проаква, работат и екипи на ЈП Нискогрдба. Тие пак работат на поставување на атмосферска канализација.

„ На сите овие потези се одвиваат паралелни градежни активности од ЈП  Водовод и Нискоградба. Кај улицата Стив Наумов се реши голем проблем со поплавите кои се јавуаваа како последица после обилни  врнежи,“, вели Танески.

Градежните зафати  на ЈП „Проаква“ и ЈП„ Нискоградба“  ќе продолжат и на пресекот на Булевар Туристичка и улицата Јане Сандански со изградба на кружниот тек. Овие зафати се очекува да отпочнат во втората  половина на месец февруари.