Skip to main content

Ајнштајн бил во право

После 100 години потрага, меѓународен тим на физичари конечно го потврди постоењето на гравитациски бранови.

dupki

После 100 години потрага, меѓународен тим на физичари конечно го потврди постоењето на гравитациски бранови.

Ова преставува едно од најголемите откритија на векот бидејќи не само што го подобрува нашето разбирање за функционирањето на Универзумот, туку и отвора еден сосема нов начин за негово проучување.

Физичарите од oпсерваторијата „LIGO“ го соопштија ова историско достигнување на официјалната прес-конференција која се оддржа на 11 февруари годинава, со што се потврди добро познатата општа теорија на релативноста на Ајнштајн.

ajnstajnСпоред теоријата на Ајнштајн, гравитациските бранови се нарушувања на структурата на просторот и времето, што патуваат со брзината на светлината. Тие настануваат од некоја маса која ќе ја промени брзината или насоката, како на пример кога ќе се случат катаклизмички настани – спојување на црни дупки или експлодирање на ѕвезди. Овој процес всушност наликува на бранувањата кои настануваат откако ќе фрлиме камен во езеро. Додека овие бранувања да стигнат до Земјата, тие стануваат многу мали и токму затоа научниците досега не можеле да ги детектираат.

Сега, благодарение на „LIGO“, научниците конечно успеале во тоа. Лабораторијата во оваа опсерваторија функционира со одбивање на ласери напред-назад во две 4-километарски цевки, што им овозможува на физичарите да ги измерат дури и најмалите промени во време-просторот.

На 14 септември 2015 година, тие детектирале релативно голема промена во нивната лабораторија во Луизијана, а потоа, после само 7 милисекунди, ја детектирале истата промена во лабораторијата во Ханфорд, Вашингтон која е оддалечена 4.000 км. Овие промени укажувале на гравитациски бран кој поминал низ Земјата.

ajnstajnОттогаш, научниците ги проучувале овие сигнали за да откријат дали е можно да се предизвикани од нешто друго, но дошле до заклучок дека со сигурност се предизвикани од гравитациски бран и речиси совршено се совпаѓаат на предвидувањата на научниците за тоа како би изгледал еден гравитациски бран, се разбира врз основа на теоријата на Ајнштајн.

Физичарите откриле дека овој гравитациски бран потекнува од спојувањето на две црни дупки, што се случило пред околу 1,3 милиони години. Овој настан најверојатно бил толку голем што значително ја деформирал структурата на просторот и времето и формирал бранови кои се ширеле низ Универзумот со брзината на светлината, а до нас стигнале дури минатата година.

Ова е само почетокот на она што гравитациските бранови може да не научат за универзумот. Експертите веќе коментираат дека ова откритие заслужува Нобелова награда, а истото е објавено во „Physical Review Letters“.

Меѓународниот тим на физичари вели дека оваа прва детекција на гравитациските бранови претставува кулминација на децениската потрага која би овозможила проучување на црните дупки и решавање на некои од најголемите проблеми на физиката, како и потенцијално подобар поглед и разбирање на Големата експлозија (Биг Бенг), односно настанувањето и формирањето на самиот универзум.