Skip to main content

Позната шпанска музичарка со македонски корени смета дека природните убавини на Охрид треба да останат недопрени

Вели дека иако пред неколку години ги открила своите корени, Македонија и Охрид ги чувствува неопишливо свои. Она што неа ја привлекло при првата посета на Македонија и Охрид се токму дивината, природата и карактерот на местата.

 |  Мишел Наумоски  | 
maika

Ова е Маика Маковски, во Охрид и земјава малку позната, но во Шпанија сериозна и позната музичарка со долгогодишна кариера. Со Македонија ја поврзува долга приказна и корени кои пред само три години ги открила. Таа е половина Македонка, по потекло од Буково.

maika makovskiВели дека Охрид го памети по неверојатните природни убавини, недопрената дивина, уникатноста на местото. Кога слушнала за најавените проекти за изградба на монденски плажи, ски центри и останатите проекти долж Охридското крајбрежје била ужасната од помислата дека можеби следниот пат кога ќе дојде во нејзината втора татковина, препознатливите убавини веќе ќе ги нема. Вели дека се чувствува како чиста македонка и кога би изчезнале убавините на Охрид би се чувствувала апсурдно, тажно. Маика смета дека во Западна Европа се е хомогенизирано, се шетаат во паркови создадени од човек, живеат во исти згради, купуваат во исти продавници, додека во Охрид пак таа вели дека веднаш се чувствува природата. Според неа, она кое Охрид сега го поседува е она вистинското по кое луѓето од Западна Европа копнеат.

lagadin plaza“За песочни плажи се оди на други места, на места каде песочните плажи припаѓаат. Не се оди на песочна плажа направена од рацете на човек. Второ, од моја перспектива, како некој што пораснал во Мајорка, место кое е навистина едно туристичко место, доволно е големо за да има уште по некое место кое останало со првобитниот карактер, а имате и места кои се целосно уништени. Е сега што се случува, десетина луѓе добија многу пари во своите џепови. Овие ужасни сместувачки капацитети покрај плажите мора да бидат многу ефтини, за таму плаќате по 20 евра на вечер, а во некое од местата кои го задржале својот оригинален изглед се плаќа и по 200, 250 евра за вечер. Работата е во тоа да се зачува вистинското, локалното, посебното.”-вели Маика Маковски, музичар.

За Маика проектите кои се планираат за Охрид се веќе видена и доживеана ситуација. Вели дека во Мајорка, големата туристичка дестинација каде таа израснала веќе се случила невидена девастација на некогашната природа.

proekti krajbrezje“Тоа веќе го имам доживеано, во Мајорка, каде што израснав, последната песочна дина изчезна за таму да се направи мини голф игралиште. Тоа е непростливо. Секогаш се грижев за тоа, и тоа што гледам дека и овде би можело истото да се случи, тоа е вистинска трагедија за мене. Сакам да направам се што можам за да помогнам, можам да зборувам само од љубов, не мразам никого, тоа не е ништо против владата, но навистина би сакала да видам како луѓето стануваат едно и да го одбранат своето богатство, и наследството на нивните деца и да не дозволат таква трагедија да се случи.”-рече Маковски.

Маика вели дека потрошила доволно време од својот живот не знаејќи каде се нејзините корени. Сега откако ги открила, вели дека се чувствува силно поврзана со Македонија. За неколку дена заминува од Охрид и се враќа во Шпанија, вели се надевам дека кога ќе се вратам повторно ќе го видам езерото вакво какво што е, недопрено, сочувано, диво.