Skip to main content

Револуционерна стоматолошка алатка достапна во Охрид

Рана и прецизна дијагноза на кариес со револуционерната дијагностичка камера дијагнокам.

 |  Мишел Наумоски  | 
zabi snimka

Идентификација на кариес без штетните икс-зраци, идентификација на мали кариеси невидливи со други дијагностички методи, идентификација на кариеси под стари полнења кои што исто така не се видливи со други дијагностички методи, јасен мониторинг и јасни слики кои што секој може да ги разбере и да види која е неговата состојба. Ова се само дел од многуте можности кои ги нуди новата револуционерна стоматолошка алатка, Дијагнокам, дијагностичка камера за откривање на кариес. Оваа нова технологија веќе е присутна во Охрид и се применува во стоматолошкиот центар „Д-р. Баткоски“. А еве како функционира.

diagnocam„Забот како една структура може да ја пропушта светлината, камерата има свој извор на светлина, и зракот поминува низ забот, ја трансмитира светлината, а од другата страна имаме камера која што го слика моментот, односно ја прима таа светлина и прави слика понатаму која што се пренесува на монитор. Здравите забни структури се трансмитери на светлина, но оние дефекти на забот, пукнатини, фисури, кариесот се малку поинакви структури кои што ја одбиваат светлината и затоа на мониторот се прави разлика помеѓу здраво и заболено ткиво.“-вели д-р Емилија Стојаноска од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

Полезноста на овој пронајдок е дотолку поголема поради фактот што камерата не емитира некои штетни зраци, па оттука и нејзината примена е неограничена.

dijagnosticka kamera„Оваа постапка може да се повторува онолку пати колку што е потребно, затоа што нема никакво штетно зрачење во емитирањето на овие дифоти. Рендген дијагностиката е неопходна, и е примарна меѓутоа, оваа нова камера која што е револуционерна, е едно идеална надополнување на рендген дијагностиката, особено може да го користиме кај бремени жени и деца каде што изложувањето на штетните икс-зраци треба да биде ограничено.“-рече д-р Стојаноска.

Раната дијагноза која ја овозможува дијагнокам е клучот за навремено третирање и спречување на ширење на заболувањето на забите. Ова според д-р Стојаноска е клучно во постапувањето на стоматологот, иако таа додава дека целосното излекување на забот и понатаму зависи од тоа колку ќе биде ажурен пациентот во правењето на контролите. Д-р Стојаноска вели дека многу стоматолози од светот сметаат дека секоја клиника која што е свртена кон иднината, треба да поседува една ваква револуционерна алатка.