Skip to main content

Зголемен број на туристи во земјава во однос на минатата година

Според податоците на Државниот завод за статистика, туризмот, на ниво на Македонија, минатата 2015та година, во периодот јануари-декември, бележи пораст во однос на истиот период од 2014година. 

 |  Мишел Наумоски  | 
turizam

Според податоците на Државниот завод за статистика, туризмот, на ниво на Македонија, минатата 2015та година, во периодот јануари-декември, бележи пораст во однос на истиот период од 2014година.

napliv turistiБројот на туристите е зголемен за 10.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.5%, а кај странските има зголемување за 14.2%. И бројот на ноќевања е зголемен за 9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 12,3%. Бројот на туристите само во месец декември 2015 година изнесува 40 333 туристи, а бројот на ноќевањата 77 423. Во однос на истиот месец во претходната година, во 2015та има зголемување на бројот и на домашните и на странските туристи, како и на бројот на остварени ноќевања. Во месец декември најпосетен бил градот Скопје, а по земја на припадност најчести се посетителите од Бугарија, Грција, Турција и Србија.

Во последниве шест години, 10 милиони евра се издвоени за субвенционирање на странските тур оператори. Годинава од 1-ви јануари, за гостите кои доаѓаат со чартер летови од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Франција и Шпанија, субвенциите се зголемуваат од 25 на 65 евра по лице, додека за туристите од Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Романија од 25 на 35 евра по лице.