Skip to main content

Да заживеат охридските базени

„Од базените кај Билјанини извори ќе направие пријатно катче за младите мајки, но и место каде ќе тренираат идните Охридски надежи“, рече кандидат за Грдоначалник Ацо Попоски.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
„Од базените кај Билјанини извори ќе направие пријатно катче за младите мајки, но и место каде ќе тренираат идните Охридски надежи“, рече кандидат за Грдоначалник Ацо Попоски.

Кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски денес новинарите ги повика кај базенот Билјанини Избори. Целта беше да погледнеме во каква состојба е овој комплекс во моментов.

„Сакам да видите како овие 10 години надлежните се грижеја за една ваква содржина за младите но и за постарите“, рече кандидатот за градоначалник од НСДП.

прес„Ако го погледнете овој базен, ќе видите дека тој повеќе од 10 години е во ваква состојба. Постојано слушаме дека надлежноста на комплексот на базените е на едни па на други“, рече Попоски.

„Ви гарантирам дека овде ќе биде животот на младите мајки. Ова ќе биде совршено катче кеде децата ќе бидат сигурни. Според нашата програма, ќе направиме покриен базен, базен со публика, а во продолжение тениски игралишта, помошни игралишта за сите спортови“, рече Попоски.

„Парите се петта категорија во мојата кампања. Варијанти за инвестирање има“, рече кандидатот за градоначалик од НСДП Ацо Попоски пред новинарите спомена и дека еден дел од програмата на НСДП е посветен на Галицица, поточно како овој дел од Национален парк би прераснал во скијачки центар.

 

 

 

{loadposition content9}