Skip to main content

Вон функција се четири од седумте инфо пунктови во Oхрид

Вон функција  четири  од седумте инфо пунктови во Oхрид.

 |  Валентина Неловска  | 
info

Четири инфо-пунктови со екрани на допир поставени за подобро информирање на туристите не се во функција. Два од нив, пред општинската  зграда и на езерскиот кеј,  се расипани , а  еден е намерно исклучен. Не работи  и инфо пунктот на автобуската станица, информира Томе Џамтоски портпаролот  на ЛС.  Појаснува кои се причините за таквата состојба со  скапата и современа техника наменета за  информирање на туристите, а воедно и  апелира граѓаните да се однесуваат посовесно кон инфо пунктовите.

informacii„ На два од овие тач скрининг пултови им се оштетени екраните од несовесни граѓани, а на другиот е уништен софтверот. На северниот влез од Охрид е исклучен во зимскиот период заради заштеда на струја и други трошоци “, вели Џамтоски.

Напоменува дека расипаните пултови ќе бидат поправени и ставени во функција веќе од месец април, кога  се очекува и поголема посетеност на градот од гости. Кажува  и за плановите со инфо пунктот на автобуската станица.  

„ Тука знаете ќе се гради и во моментов не сме во можност да обезбедиме кабли и приклуок за тач скринот , има проблеми од техичка природа  Веруваме дека ќе се надмине проблемот со соработка  со инвеститорот кој ќе стопанисува со просторот“, оптимистички најавува  Џамтоски.

infoВо моментов во функција се три од инфо пунктовите и тоа на  градскиот плоштад, кај чинарот и кај Св Софија.   Пет инфо пунктови беа поставени во 2011 година, а пред две години уште два. Тие се често уништувани  од несовесни граѓани.