Skip to main content

Во Стар град ќе се санираат потпорни ѕидови и улички

Во Стар град ќе  се санираат потпорни ѕидови и улички.

 |  Валентина Неловска  | 
kaneo

Охридската локална самоуправа  ќе реконструира помали улички и потпорни ѕидови во Стариот дел на градот. За таа намена од буџетот се издвоени околу 100.000 евра. Распишан е тендер за избор на најповолен изведувач. Со проектот ќе се санираат голем број помали потпорни ѕидови.


ѕид„ Во рамките на јавните  набавки и градежните зафати ќе се санира потпрониот ѕид кај црквата Панданос кој се одрона минатата година  во Варош, како и   помали и  поголеми ѕидови кај Месокастро , и ѕидините на  најпосетуваната  црква Св . Јован Канео“, вели Танески.  

Најповолниот изведувач ќе  треба да ги поправи и да им го врати автентичниот изглед на калдрмисаните улички низ старит дел од  градот поплочувајќи ги  со камена коцка.

„ Во планот е преуредување на камената коцка во близина на училиштето   Св Климент, помал зафат  пред Св Богородица Перивлепта , потоа преуредување на коцката кај музејот на Робевци кој е пропаднат, Илинденска и останатите помали улички кои водат кон Самоилова тврдина, Плаошник и кон црквата Св Јован Канео“, вели Танески.

ѕидПокрај потпорните ѕидови и улички низ стар дел од градот ќе се доуредува и каналот на реката Грашница покрај улицата „Ариф Мустафа“. Овој проект изнесува    8.500 евра или околу  522.613 денари. Освен уредување на каналот на река Грашница, во рамки на овој повик е опфатено и уредувањето на речното корито во село Пештани.