Skip to main content

Договорот за медиумите, пропадна, се чека оценката

Партиските преговори за медиумските реформи завршија без договор.

mediumi

Партиските преговори за медиумските реформи завршија без договор.

mediumiОва го изјави синоќа белгискиот експерт Питер Ванхауте пред Клубот на пратениците каде два дена се одржуваа интензивни преговори.
На новинарско прашање кој ја сноси одговрноста за неуспехот на преговорите Ванхауте рече дека сите претставници на политичките партии се подеднакво одговрни.

Утре нема да има преговори за реформите во медиумите, туку се очекува да биде објавена оценката на ЕУ и САД за подготвеноста на замјата за организирање на избори.

Главно копјата вечерва се кршеа околу составот на советот на Агецијата за медиуми. Се обидуваме да најдеме добри решенија за да бидат навистина независни, бидејќи тоа е многу важно за сите и за да може да функционира правилно, изјави белгискиот експерт Питер Ванхауте.