Skip to main content

Facebook воведува непопуларен новитет

Имплементацијата се очекува во следните месеци

 |  инфодеск  | 

Facebook во својата апликација Messenger ќе воведе новитет кој сигурно нема да му се допадне на никого. Имено, јавноста дојде до документ во кој се гледа дека за време на разговорот во Messenger на корисниците ќе им пристигнуваат реклами, а оваа имплементација се очекува во следните месеци.

Рекламите ќе се праќаат директно во прозорчето каде се разговара, но само на почетокот од конверзацијата.

Овој потег се објаснува со желбата на Facebook, Messenger да стане примарна алатка каде купувачите влегуваат во интеракција со огласувачите односно продавачите на услуги.

Она што е сигурно е тоа дека Zuckerberg тргнува по нови профити со помош на овој сервис.