Skip to main content

Пет знаци кои предупредуваат на недостаток на витамин Ц

Витаминот Ц е од витална важност за имунитетот на организмот

 |  инфодеск  | 

Витаминот Ц е состојка која може да се пронајде во поголем број на намирници. Експертите велат дека овој витамин, во помала или поголема количина, е дел од скоро сите овошја и зеленчуци.

Но, иако лесно се наоѓа во природата, а организмот со задоволство го прифаќа, лошите животни навики и сиромашната прехрана со хранливи состојки можат да доведат до недостаток на витаминот Ц и до здравствени проблеми. Витаминот Ц е од витална важност за имунитетот, кожата, а помага и при лечење на рани. Тој е важен за здравјето на коските, а без него телото не може да прифати железо и одредени протеини потребни за здравјето на крвните садови, лигаментите и тетивите.

Ова се знаците кои покажуваат недостаток на витамин Ц:

-Константно чувство на психичка и физичка исцрпеност.

-Промени на расположението пропратени со лутина и нервоза без причина.

-Пад на имунитетот поради кој телото не може да се бори против вируси, бактерии и други лоши микроорганизми кои предизвикуваат инфекции и алергии.

-Крварење на непцата, крварење и промена на бојата на забите.

-Создавање на модринки по телото без некоја оправдана причина.