Во иднина мобилниот телефон ќе биде клуч за автомобилот
Веќе во 2017 година ќе се нудат автомобили без клуч
Притискањето на копчето од клучот со кое се отвора автомобилот или ставање на клучот во бравата пред да се стартува автомобилот наскоро ќе бидат минато.
Ова го тврдат инженерите на шведскиот автомобилски гигант Волво кој на официјалната страница го претставија возилото кое прима наредби со помош на апликација на паметниот телефон.
Волво веќе најави дека од 2017 година ќе нуди автомобили без клуч – во возилото ќе се влегува со помош на паметниот телефон, а воедно ќе служат и за стартување на моторот од возилото. Најавените новитети ќе следат, најверојатно, и кај другите производители на автомобили кои исто така најавија слични услуги.
Волво, паметниот телефон всушност го нарекува дигитален клуч, а станува збор за апликација со чија помош сопствениците ќе комуницираат со своето возило, а врската се отстварува преку Bluetooth.
Дигиталниот клуч сопствениците на возилата ќе можат да го споделат по пат на телефонот и со други членови од семејството.


