Skip to main content

Откритието на Виктор Груев на “National Geographic”

“National Geographic”,  емитуваше кус прилог за големото откритие на Виктор Груев кој  работи заедно со уште неколку светски научници. Груев е професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД.

viktor

“National Geographic”,  емитуваше кус прилог за големото откритие на Виктор Груев кој  работи заедно со уште неколку светски научници. Груев е професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД.

viktorЗа Виктор Груев , Публицитет.мк пишуваше уште минатото лето. Тој е пронаоѓач на специјални очила со кои хирурзите за време на операција можат да ги видат клетките на туморот. Пронајдокот е вистинска мини револуција во светската медицина, бидејќи овозможува прецизно отстранување само на заболените клетки без да се уништи и здравото ткиво.

Во емисијата “EXPLORER” Д-р Груев е претставен како футуристички научник кој го изучува сложениот вид на инсектите и други мали животни со цел да развие технологија со која ќе се детектираат клетките на ракот. Груев вели дека природата изградила комлексни системи за вид кои на живите суштества им овозможуваат да опстанат, а посебно е фасциниран од видот на малото морско ракче Мантис. Според Груев тоа има сложени очи со нано келии и исклучитено чувствителни сензори за вид кои распознаваат шеснаесет различни спектри на бои, од сина до инфрацрвена, односно гледаат неколку милиони бои повеќе од човекот.
„Технологијата со поларизација на слики има потенцијал револуционерно го промени начинот на кој гледаме на многу проблеми во медицината и да помогне да се дијагностицира рак, и што е важно оваа технологија е евтина.“ – вели Виктор Груев во прилогот “National Geographic”.