Skip to main content

Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!, ги крена охриѓани на нозе

Акцијата „Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!”, ги крена охриѓани на нозе. Нашиот град масовно ја подржа оваа акција на Националната алијанса за ретки болести на Македонија, која се организира по повод светскиот ден на ретки болести, 29 ти февруари.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Охрид покажа дека има големо срце, за ретките болести. Во тек е интернационалната кампања  „Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!”, која ја организира Националната алијанса за ретки болести на Македонија. Претседателката на Алијансата Весна Алексоска, нагласи дека во сите градови во земјава се обидуваат да најдат организации или волонтери кои сакаат нешто да направат и да помогнат, што повеќе луѓе да се приклучат кон ваквите акции како и тоа што повеќе луѓе да ја покажат својата хуманост, топлина и емпатија за луѓето со ретки болести преку прегратка.

 „Мислам дека сето тоа се должи на нашата волонтерка Гордана Лолеска која несебично направи се што можеше за да ги крене охриѓани на нозе и да ја подржи акцијата за ретки болести“.

Акцијата „Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!”, трае до денес, а целта е да се  сруши Гинисовиот рекорд. Повод за нејзино одржување е Светскиот ден на ретки болести – 29 февруари. Овој ден се одбележува со цел да се подигне свесноста во јавноста за ретките болести и нивното делување врз квалитетот на животот на пациентот и неговото семејство, вели Алексоска. Додава дека, преку ваквите акции се  зголемува видливоста за ретките болести, но и да се сфати дека ретките болести може да ги има секој. 

„Незнам дали ќе успееме да ја постигнеме бројката, видов дека моментално на веб страницата има околу 70 000 слики…. за да се сруши рекордот требаше да се соберат околу 108 000, сеуште тоа не е постигнато, а уште денес  може да се сликате, да се гушкате и да аплодирате  слики на  HYPERLINK “http://www.hugforrare.com/” \n _blankwww.hugforrare.com   и на тој начин да помогнете да се сруши рекордот. Ако успееме денес да собереме околу 40 000 фотографии, тогаш би можел рекордот но во моментов не изгледа дека ќе се сруши“ .

Сепак Алексоска вели дека поголемата цел била постигната, односно, преку гушкањето на големо се проширил зборот за ретките болести, бидејќи на овој начин луѓето од целиот свет се гушкаа и аплодираа слики за ретките болести, од славни личности, политичари, институции. И телевизија ТВМ се приклучи и ја поддржа акцијата за подигнување на свесноста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства. Денес Црвен крст Охрид и Здржението за велосипедизам, планинарење и еко култура З’Ш организираа планинарска тура на Галичица, под мото „Гушкање на Галичица“. Понеделник, пак , охридските гимназијалци ќе трчаат крос со старт во 12 часот од Холанскиот парк до градскиот плоштад.