Нов голем успех на теквондистите од ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид
Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид зеде учество на меѓународниот теквонодо итф турнир Србија Опен 2016 во Бачка Топола,Србија кој се одржа на 27 февруари 2016 год.
Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид зеде учество на меѓународниот теквонодо итф турнир Србија Опен 2016 во Бачка Топола,Србија кој се одржа на 27 февруари 2016 год.
На овoј турнир учествуваа над 250 натпреватрувачи од 27 клубови од 8 земји. Охридскиот клуб настапи со 9 натпреварувачи под Водство на Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , и Зоран Донев црн шојас I дан.
Охридските натпреварувачи и овај пат успешно не претсавија и не направија горди со тоа што оцвоија 10 меадли, 3 златни, 1 сребрена и 6 бронзени. Од овај турнир сите се вратија со медал , што прв пат после долго време се случува, а Александар Јованоски се врати со 2 медали сребро во категорија спаринг сениори до 64 кг, и злато во форми категорија сениори -34 куп, со што и тој се придружи на екипата златни колекционери, додека Миле Климоски го задржа првото место од Унгарија во форми, а исто така Елена Јанеска го задржа првото место од Лозница во спаринг и е најголема надеж за нашиот клуб од помладите генерации.
Постигнати резулати : Елена Јанеска -1 место спаринг деца-жени -40 кг Миле Климоски -1 место форми сениори 5-6 куп Александар Јованоски-1 место форми сениори 3-4 куп -2 место спаринг сениори -64 кг Давид Крстески -3 место спаринг деца до 10 год -30 кг Марио Крстески-3 место спаринг деца до 14 год -30 кг Давид Велкоски -3 место форми деца до 14 год , 5-6 куп Божидар Димитриевиќ -3 место спаринг деца до 14 год + 60 кг Хриситјан Митрески -3 место спаринг деца до 14 год + 60 кг Јане Димов -3 место спаринг јуниори до 18 год + 75 кг.