Skip to main content

Неизвесна судбина на најатрактивното земјиште во Љубаништа, охридско

Љубаништани не се откажуваат лесно од своите имоти во непосредна близина на Охридското Езеро. Поголемиот дел од нив не се согласни да го продадат земјиштето за изградбана туристичка развојна зона. Тие бараат праговори со надлежните институции и реално да биде процента вредноста на нивниот имот.

 |  Николоска Биљана  | 

Неизвесна судбината на најатрактивното земјиште крај брегот на Охридскот Езеро, Љубаништа. Ова земјиште сеуште не е урбанизирано, а тука се наоѓаат имотите на дел од мештаните на оваа туристичка населба. Како што е познато нивните имоти се влезени во планот на Владата за изградба на туристички зони каде треба да никнат елитни хотели и вилски населби. Жителите на Љубаништа не се откажуваат од своето земјиште и бараат од надлежните институции да дојдат и да им објаснат што е планирано со нивните имоти и зошто државата се обидува да им ги плати по цена која е далеку од реалната вредност на нивното земјиште

-Нема шанси, кој е будала да даде земјиште за едно евро. Освен ако не ни го земат, ама тоа е кражба, исто како бакшиш да го дадете.
-Државата ако одлучи може да ја земе земјата и беспари. Да се прави пат, железница нека биде за едно едвро, но некој да прави хотели, а тука се кубури и селото да го занемари тоа е штета. – велат жители на Љубаништа.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вели дека овој проект е во мирување и дека немаат комплетни информации околу уредувањето на Туристичката развојна зона во Љубаништа.

„Сепак е тоа проект на Владата на РМ односно Министерството за транспорт и врски, штом добиеме конкретни информации до која фаза се стигнати подготовките околу реализација на Урбанистичко Планската документација и изградбата на оваа зона ќе добиете конкретни податоци. Секогаш кога ќе добиеме детални информации значи од страна на жителите на месното население и кога ќе ги добиеме комплетните планови на МТВ со една сеопфатна анализа и во една заедничка координација ние сме спремни да посредуваме и да помагаме во насока на најповолна корист за сите страни“

Инаку, познато е дека во Љубаништа, Индискиот тајкун Субрата Рој, најавуваше изградба на луксузен ресорт со хотел на вода, но за жал неговата замисла падна во вода, бидејќи истиот заврши во затвор во Индија, државата не се откажува од проектот. Исто така во Љубаништа требаше да се градат две туристички развојни со кои е предвидено Охрид да бидат поврзан со експресен пат кој ќе поминува низ националниот Парк Галичица, за што државата иницираше измени на опфатот на паркот, што пак наиде на жестоки реакции од екологистите и Невладиниот сектор.