Skip to main content

Тајните на Охрид: Галебот

Ви претставуваме уште една од убавините карактеристични за нашиов град, птицата опеана во песните за Охрид,неизоставниот декор на охридскиот кеј, галебот.

 |  Голабовски Крсте  | 
galeb

Ви претставуваме уште една од убавините карактеристични за нашиов град, птицата опеана во песните за Охрид,неизоставниот декор на охридскиот кеј, галебот.

Птицата која заедно со лебедот е посебна радост за најмладите, секогаш убава, понекогаш послушна, понекогаш палава како дете.

Фотографирањето пак во нејзино друштво е нешто во кое уживаат и повозрасните, а посебно оние кои го посетиле Охрид и кои со себе сакаат да понесат еден спомен, една тајна од душата на овој град.