Skip to main content

Обука за охридските сметководители

Охридските сметководителите кои сакаат да научат нешто повеќе за Поднесување на даночна пријава во согласност со Законот за ДДВ ќе може да бидат дел од обуката што ќе се одржи на 10-ти март 2016 година, во Даночното одделение во Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

smetkovodstvoОхридските сметководителите кои сакаат да научат нешто повеќе за Поднесување на даночна пријава во согласност со Законот за ДДВ ќе може да бидат дел од обуката што ќе се одржи на 10-ти март 2016 година, во Даночното одделение во Охрид.

На бесплатната обука која ја организира Даночната академија на Управата за јавни приходи на Република Македонија ќе бидат разгледани и теми од актуелни настани кои се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект на даночното работење. Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да се пријават кај организаторот најмалку два дена пред нејзиното одржување.

Од УЈП најавуваат дека на 9-ти март обука ќе биде организирана и за струшките сметководители на тема Поднесување на Годишна даночна пријава.