Skip to main content

Честитка за 8ми март од градоначалникот Никола Бакрачески.

По повод одбележувањето на 8.март- Меѓународниот ден на жената, градоначалникот Никола Бакрачески, до припадничките на понежниот пол, упати честитка со желби за здравје, среќа и личен просперитет.

 |  Мишел Наумоски  | 
cestitka 8mi mart

gradonacalnik cestitka 8mi mart„Одбележувањето на  Меѓународниот ден на жената 8. март е прилика да се потсетиме и разгледаме колку далеку отишло македонското општество во напорите да се постигне родовата рамноправност. Исто така, овој ден би требало да биде прилика сите граѓани да се здружат, поврзат и мобилизираат за понатамошни конкретни општествени промени кои ќе им овозможат на жените да бидат рамноправни, почитувани и ценети припаднички на општеството.Во тие стремежи, сите жени и женски групи  ги надминуваат националните граници и  ги истакнуваат постигнатите резултати од напорите и настојувањето за еднаквост, правда, мир- се вели на крајот на честитката на градоначалникот Никола Бакрачески  по повод одбележувањето на 8ми март-Меѓународниот ден на жената.“-стои во честитката.