Skip to main content

Уапсена група која крадела по фабрики и хотели во Охрид и Дебрца

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела ,,тешка кражба“  и две „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против против следниве 6 лица од Битола меѓу кои и еден малолетник: С.М. (32),  Х.М.,С.Р., Ф.А. (33), Р.Ш. (31), и А.Џ.(31).

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

svrПоради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела ,,тешка кражба“ и две „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против против следниве 6 лица од Битола меѓу кои и еден малолетник: С.М. (32), Х.М.,С.Р., Ф.А. (33), Р.Ш. (31), и А.Џ.(31).

Кривичните дела, пријавените ги извршиле во периодот од септември 2015 до февруари 2016 година во фабриките ,,Макител“ во Ново село општина Дебарца како и во фабриките „РЦ Филтри“ и „АМАК –СП“ во Охрид. Една тешка кражба сториле и во поранешниот ресторант „Св. Еразмо“.

Во извршувањето на кражбите и тешките кражби, пријавената шестчлена група од Битола користела подесен алат, провалувале со кревање на ролетни од прозорците и со бонсек сечеле кабли. Притоа одзеле 500 килограми бакарна жица, 20 метри електричен кабел и бакарни плочи од електромотори.

Една кражба извршиле и од градилиште на новиот автопат Охрид –Кичево кај селото Арбиново кога во згодна прилика одзеле метални шипки и жица.

Од извршените кривични дела, пријавените предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од 369 000,оо денари.