Skip to main content

Марија Шарапова брзо почувствува што значи допинг скандал

Руската тенисерка почна да ги чувствува последиците од допинг скандалот

 |  инфодеск  | 

Руската тенисерка Марија Шарапова почна да ги чувствува последиците на својата објава дека на Австралија Опен била позитивна на допинг тестот. Само еден ден подоцна елитниот швајцарски производител на часовници TAG Heuer одлучи да не го продолжува милионскиот спонзорски договор со неа, а тоа го направи нешто претходно и Nike.

“Марија Шарапова имаше договор со TAG Heuer до 31 декември 2015. Преговаравме за продолжување на соработката. Со оглед на сегашната ситуација, швајцарскиот производител на часовници ги прекина преговорите и одлучи да не го обнови договорот”, објави француската компанија за луксузни производи LVMH.

Пет кратната победничка на “грен слем” турнирите, 28 годишната Шарапова во понеделникот на конференција за новинарите објави дека била позитивна на допинг контролата за време на овогодишниот Австралија Опен кој се играше во јануари во Мелбурн.

Русинката, која во Мелбурн загуби во четвртфиналето од Американката Серена Вилијамс, изјави дека по писмен пат била известена за позитивниот наод на супстанцата мелдониум а која признала дека ја користела поради намален магнезиум во организмот и дека ја користела како превентива од дијабетис.