Skip to main content

Во охридското одделение на ДИК почнале да пристигнуваат забелешки за избирачкиот список

Во  охридското одделение на ДИК почнале да пристигнуваат забелешки за избирачкиот список .

 |  Валентина Неловска  | 
dik

Охриѓани почнаа да го проверуваат  единствениот избирачки список објавен на интернет адресата на ДИК.  Некои веќе провериле, а дел од граѓаните кои ТВМ ги анкетираше  се уште не направиле  увид во списокот.
dik 

Од  подрачното одделение на ДИК не беа расположени за многу коментар. Раководителот на одделението кажа дека е на годишен одмор, а колегите се на состанок во Скопје во ДИК. За прашањата кои сакавме да добиеме поконкретни одговори  повика на трпение. Кратко само  напомена  дека до нив веќе има избирачи кои доставиле забелешки.   Најчесто избирачите реагирале на адресата на живеалиштата која им била променета.  
Гласачите се соочуваат и со други прашања меѓу кои се иселување на членови од семејствата меѓу двата изборни процеси а кои сеуште фигурираат  на единствениот избирачки список. На кој начин  ќе се регулира тоа, раководителот на подрачното одделение уверува дека ќе се знае наскоро.  

dik

Граѓаните, пак кои при проверката на Избирачкиот список објавен на веб страната на Државната изборна комисија ќе утврдат неправилности истите треба да ги пријават  во подрачното одделение   на  ДИК за корекција. При тоа ќе мора да  приложат  соодветна документација доколку  не се запишани во избирачкиот список или доколку  треба да се  дополнат или избришат  податоците  во Избирачкиот список во согласност со член 48 од Изборниот законик. Инаку во државава  откако беше поставена апликацијата за пријавување на спорни податоци, биле поднесени над 2.000 пријави  до ДИК за недоследности во Избирачкиот список.

Пречистувањето на списокот треба да заврши до 15 април.