Skip to main content

На повеќе локации низ Охрид се поставуваат нови фонтани

На повеќе локации низ Охрид  се поставуваат нови фонтани.

 |  Валентина Неловска  | 
фонтана

фонтана

Единаесет фонтани, на повеќе локации низ Охрид, ќе ги освежуваат, во претстојните летни денови, охриѓани и туристите. Фонтаните се изработени од мермер и травентин. Неколку  мермерни чешми  ќе бидат поставени на локации на кои досега немало јавни чешми за освежување, најавува Љупчо Танески портпарол од Одделението за комунален развој.   

„ Мермерните фонтани се изработени и  поставени на различни локации како што е Коста Абраш, кај градската библиотека, две се поставени на Булевар Туристичка во близина на  Охридска банака и  кај градскиот пазар“, наведува Танески.

фонтанаПокрај овие локации фонтани се поставени и во близина на мини маркет, кај музичкото училиште, спортско рекреативниот центар Билјанини извори и еден за потребите не детското игралиште кај Лескајца. Локалната самоуправа преку Фондот за комунални дејности и јавните претпријатија има во план да  постави јавни чешми за пиење вода и на други локации на кои досега ги немало.

„За овој период, пред престојните пролетен месец  март,  планираме   да  поставиме травентински фонтани по охридскиот кеј , наспроти хотел Гарден“, додава Танески.

Единаесете фонтани се поставуваат со пари од општинскиот  буџет ,а за нивно одржување ќе се грижи РЕ „Водовод“ од МЈП Проаква.