Skip to main content

Дискавери ќе полета на 15 март

Лансирањето на шатлот „Дискавери“ е одложено за 15 март или уште поверојатно за 16 март, откако за ноќеска планираното полетување беше откажано поради утврдено истекување гориво.

 |  Крсте Голабовски  | 
Discovery
Дискавери
Лансирањето на шатлот „Дискавери“ е одложено за 15 март или уште поверојатно за 16 март, откако за ноќеска планираното полетување беше откажано поради утврдено истекување гориво.

Претходно НАСА соопшти дека стартот ќе биде откажан за најмалку едно деноноќие.

Шатлот ќе го испорача последниот елемент од енергетскиот систем на Меѓународната вселенска станица (МВС) – комплет сончеви панели. Во неговиот седумчлен екипаж е вклучен и јапонскиот космонаут Коичи Ваката.

DiscoveryПрвично лансирањето на „Дискавери“ беше закажано за 12 февруари, но неколку пати беше одложувано, бидејќи инженерите и техничките раководители сакаа дополнителни проверки на системите за гориво.

Последното одложување значи дека ќе се наметне скратување на првично планираната двонеделна мисија на шатлот, а некои излегувања во вселената да отпаднат од програмата, бидејќи „Дискавери“ треба да ја напушти МКС, пред таму на 26 март да пристигне руска ракета „Сојуз“ со нов екипаж за станицата, посочуваат американските медиуми.

 

 

{loadposition content9}