Skip to main content

Поднесете годишна даночна пријава

Уште два дена граѓаните имаат можност да поднесат даночна пријава до УЈП. Крајниот рок истекува на 15 март.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

ujpУште два дена граѓаните имаат можност да поднесат даночна пријава до УЈП. Крајниот рок истекува на 15 март.

Годишна даночна пријава поднесува граѓанин кој остварил приходи по основ на: лични примања, приходи од земјоделска дејност, приходи од самостојна дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа, други приходи.

Граѓаните кои во текот на годината остваруваат само приходи од: плата и пензија, приходи од земјоделска дејност и приходи од самостојна дејност не се должни да поднесуваат Годишна даночна пријава.

Неподнесувањето на годишна даночна пријава подлежи на насанкции.