Oхридските советници со жестоки дискусии ги усвоија извешатите за урбанистичките планови за 2015 -2017
Oхридските советници со жестоки дискусии ги усвоија извешатите за урбанистичките планови за 2015 -2017.
Во советот избраниците на охриѓани повторно расправаа по обемен Дневен ред. 52-те точки беа надополнети со уште три нови предлог одлуки. Најжешка точка, каде што се вкрстија дискусиите на советниците од двата блока, беше предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2015 – 2017. Координаторот на советничката група на опозицијата, Јован Стојаноски побара објаснување за кои урбанистички планови и колку се потрошени од 4 милиони денари пари од буџетот на општината.
„Овој извештај е класично прекршување на деловникот и навреда за советничкаат функција. На 46 седница во ноември со ребалансот на буџетото се предвиода 4 милиони денари да се потрошат за секторот урбанизам ,а во овој извештај не пишува каде е потрошен нити еден денар. Граѓаните имаат право да знаат каде се потрошени парите кои се предвидени со буџетот“, кажа Стојаноски.
На неговото прашање одговори секретарот Димитар Спасески дека оваа локална самоуправа донесла 34 урбанистички планови.
„ Процедурални Ви се заблешките, јавноста не ја засегаат и интресираат каде се , што се, ако с е грижевте требаше поинаку да ја концепирате темата од урбанзимот. Оваа локална самоуправа донесе повеќе од 34 урбанистички планови кои минатиот состав и градоначалникот ги чуваа во фиока и ги држеа граѓаните во заложништво. Оваа ЛС ги доработи и ги донесе, а во работа се многу планови. Сте се фатиле за некои бројки, а ние сега исплаќаме куп долгови напрвени од маинатото кон проектански бироа“, одговори Спасески.
Дејан Блажески од ЛДП повика да се дискутира за тоа колку урбанистички планови се изработени во 2015 за потребите на граѓаните. Според него, советниците од позицијата немаат образ да дискутираат за поранешната власт. При тоа тој праша кој го нарача урбанистичкиот план за населбата Лагадин.
„Објаснетеи на охридската јавност зошто некој човек има интерес да го плати планот во Лагадин. Зошто? Сакате градби во езерото, да бетонирате, знаете дека си одите од власт па што побрзо да грабнете. Дајте да зборуваме за 2016, досега не видовме ни пазар, ни автобуска, ни базен. Кружен тек е нормална работа. Вие продолжете со својата свест и совест да барате поранешни виновници“, кажа Блажески.
Заменик градоначалникот Ангел Јанев ги пофали 34 изработени урбанстички планови и при тоа изнесе свој став.
„Чудна ми е тезатат дека со години наназад посочувате нема урбанситички планови, не се решава а треба, па сега се вртите. Кој се граѓани, а кој не се, кој вреди а кој не заслужил . Луѓето имаат побарување од општината, а ние треба ги дефинираме. Некој да го дефинираме како граѓанин, да не се враќаме кон минатото сега сме во сегашноста. Некако не одат работите“, истакна Јанев.
Советниците различни размислувања споделија и околу точката која се однесуваше на усвојување на Извештајот за работата на Секторот за образование, детска, социјална и здравствена заштита за минатата година.
Советниците од опозицијата Жаклина Лазаревска, Оливија Пирузева и Јоне Станкоски истакнаа пробелми со кои се соочуваат основит средните училишта. Почнувајќи од мал број на инвестиции кои се вложуваат во образованието, намалување на бројот на учениците, па се до проблемот со трајните вработувања на професорите , различните цени за превозот.
„Имавме информации по пишаните медиуми дека 2500 денари бил месечен билет за Велгошти,а за Пешатни 4.500 денари. За Велгошти, а месечен билет за Велгошти е 600 денари за Пештани не знам. Дали е точно да добиеме информација“, подвлече советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски.
Секретарот на општината Димитар Спасески ги негираше овие обвинувања и кажа дека оваа локална власт како никогаш досега ги решавала проблемите кои повторно ги лоцира кај минатата локална гарнитура.
„Ве чудат 900.000 евра инвестиција насочена во образованието.Сакам да ги пофалм сите вработени во Секторот за образование, дирекотрите во училиштата. Верувајте дека и донациите за училиштат не се случјани затоа што се враќа довербата која Вие ја немавте“, истакна секретарот Спасески.
Според заменик градоначалникот Ангел Јанев не држи тезата дека нема инвестиции во образованието, и кажа дека се вложени големи инвестиции во училишните објекти.
Советникот Јован Стојаноски имаше заблежешки и на другите извештаи меѓу кои и на Извештајот за работа на територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот 2015 година. Упати критика дека скоро сите извештаи кои треба да се усвојат се без целосни финансиски податоци. Сепак двата извештаи советниците од позицијата ги изгласаа, а од опозицијат беа против.