Тајните на Охрид: Мостот на желбите
Погледнете денес уште една од тајните на Охрид, оваа малку понова, но во секој случај убава и интересна.
Погледнете денес уште една од тајните на Охрид, оваа малку понова, но во секој случај убава и интересна.
Мостот на желбите претставува мост кој премостува дел од крајбрежниот дел на Охридското Езеро и го спојува центарот на Охрид со еден од најубавиот и најатрактивниот дел на градот, Потпеш и Канео. Овој мост при самата изградба наишол на многу негодувања и е подарок на македонскиот бизнисмен Велија Рамкоски. Мосотот бил пуштен во употреба на 8 септември 2009 година.
Мосотот е изграден како потреба за да се скрати патот до Црквата Св. Јован Канео од самиот центар и наместо пат од 1,5 километри колку што треба да се помине преку стариот дел на градот за да се стигне до црквата, сега преку овој мост се потреби само 140 метри колку што е долг мостот.
На самиот мост има 12 хороскопски знаци. И според името кое му е дадено на мостот, потребно е да се застане на еден од нив, односно на својот хороскопски знак да се погледне кон езерото према Манастирот Свети Наум и да се замисли желба.