Со бродската линија Охрид – Поградец за две година во летната сезона патувале околу 3000 патници
Со бродската линија Охрид – Поградец за две година во летната сезона патувале околу 3000 патници.
Бродовите на релација Охрид- Поградец наскор ќе пловат со отварење на привремениот граничен премин кај Св Наум. Сите охридски бродови се подготвени и технички исправни за стратот на новата сезона. Бродовите имаат одобренија за воспоставување на меѓународен воден транспорт, информира Горан Устијансоки капетан на Капетанија на пристаништата-Охрид. Капетаното напоменува дека двегодишното искуството од возењето на бродската линија на ова релација покажува дека е најатрактивна за странците, а помалку привлечна за охриѓани.
„ Првата година да, втората помалку. За македонците од дијаспората да , а линијата е најмногу искористена од странските туристите и е вметната како нешто многу поразлично од досега што постои на Охридското езеро“ , вели Устијаноски.
Патувањето со брод од Охрид до Поградец со вклучени бирократски формалности трае два часа. Гранични проверки на патниците има кај Св. Наум и во Поградец ,а проверката на патниците на двете страни трае од 15 до 20 минути, вели Устијаноски.
„ Царинските и граничните формалности се сведени на минимум. Се штеди времето и на бродовите и на патниците. Со мала бирократска процедура со контрола на списоците која е задолжителна процедура која мора да се испочитува за контрола на патниците“, појаснува капетанот.
За две години со бродската линија Охрид – Поградец патувале околу 3000 патници. На оваа меѓународна линија пловат четири охридки бродови три со капацитет од по 150 патници, а еден од 80 еднаш во неделата.