Samsung создава нова социјална мрежа
Waffle е мрежа за интеракција по пат на фотографии
Станува збор за социјална мрежа на која корисниците ќе ги објавуваат своите фотографии кои потоа нивните пријатели ќе можат да ги модифицираат со цртежи или сопствени фотографии.
Waffle ја развива C-lab тимот на Samsung и е во beta верзија на тестирање на уредите со Android.
Основната идеја на Waffle е корисникот да сподели фотографија, а неговите пријатели потоа да имаат можност на неа да додадат своја. Така се создава колаж на фотографии и реакции на истата. Колажот на фотографии со својата структура потсетува на вафли, по што мрежата и го добила името.
“Waffle на корисниците им дава можност да ја искажат својата сопствена перспектива на содржините на нивните пријатели и обратно”, истакнале од Samsung.


