Skip to main content

Тајните на Охрид: Античкиот театар

Погледнете уште една од тајните на Охрид, една од најстарите градби во нашиов бисер, Античкиот Театар.

teatar

Погледнете уште една од тајните на Охрид, една од најстарите градби во нашиов бисер, Античкиот Театар.

Античкиот театар е сместен во стариот дел на Охрид. Тој се наоѓа помеѓу Горна Порта и Плаошник.

Првите податоци за постоењето на овој објект кажуваат дека тој е стар околу 2 милениуми, т.е. изграден е во периодот на доцниот хеленизам. Подоцна овој објект бил преадаптиран во периодот на римските освојувања. Театарот се користел за гладијаторски борби и борби на гладиајтори со диви животни.

Античкиот театар бил затрупан со земја во периодот на продирањето на христијанството во овие краишта, од причина што се сметал за симбол на еретизмот и спомен на перидот кога се верувало во повеќе богови. Под земја овој објект останал се до 2001 година кога беше археолошки истражен и реконструиран.

Денес античкиот театар се користи за културни манифестации, концерти и театарски престави. Традиционално, во него се отвора фестивалот Охридско Лето, а на сцената на Античкиот Театар до сега настапиле Хозе Карерас, Рускиот Царски бачлет, Киевскиот Балет, Барбара Хедрикс, Тоше Проески, групата Леб и Сол, и ред други изведувачи со висок и светски признаен квалитет.