Skip to main content

СДСМ: „Локалната нема вложено ниту денар од општинската сметка во училиштата“

Според СДСМ, доказ дека ништо не се вложува во образованието е и руинираното училиште во с.Трпејца.

 |  Мишел Наумоски  | 
trpejca skolo

Охридските социјалдемократи денес на прес конференција со обвинувања до локалната самоуправа дека и после скоро три години од нивното доаѓање на власт, не биле направени никакви вложувања во образованието во Охрид. Жаклина Лазаревска од општинската организација на СДСМ, вели дека ниту еден денар оваа локална самоуправа не издвоила од општинската сметка за некој поголем зафат во било кое од училиштата. Според неа, доказ за тоа е состојбата во која се наоѓало училиштето во с.Трпејца.

trpejca ou„Ова училиште е руинирано,нема основни услови за работа, целосно заборавено. Е во ова училиште учат нашите, вашите деца. Ова е реалноста која што неможе да се види на медиумите каде што уредник е Никола Груевски. Таму ќе видите дека се направило во дворот игралиштето во Трпејца, но кога се правело игралиштето и се зарамнувало и асфалтирало, можело да се види и како изгледа училиштето и како изгледаат просториите во училиштето.“-вели Жаклина Лазаревска од О.О на СДСМ-Охрид.

Лазаревска вели дека за разлика од сегашната локална власт, во претходниот состав на локалната во образованието биле инвестирани 104 милиони 849 илјади и 749 денари како крупни зафати во училиштата.

lazarevska SDSM„Ние тврдиме дека тие воопшто немаат инвестирано во училиштата на вакви крупни зафати, а како поголеми нивни вложувања ги сметаат оние основни потреби, годишни, дневни потреби на училиштата. Нивната комоција е толку голема да тие велат дека ги сервисираат навремено оние основни услуги, давачките за нафта, за превоз на учениците и другите тековни и материјални трошоци.“-рече таа.

За Лазаревска неточни се и тврдењата на локалната самоуправа дека домаќински се работи, посебно во делот со бесплатниот превоз на учениците бидејќи според извештајот на секторот за образование за 2015та година биле потрошени скоро идентични средства како и во 2013та година кога сеуште на власт бил претходниот состав на локалната, а притоа со намалена цена на чинење на нафатата и помал број на ученици. Од СДСМ и со прашања до локалната зошто лица кои исполнуваат услови за решенија на неопределено време сеуште истите не ги добиле како и тоа дали истите се злоупотребуваат и уценуваат во предизборниот период.