АМАК успешен
Денеска продолжува купот на Македонија во кошарка. По вчерашните победи на фаворитите и денеска не се очекуваат изненадувања па во финалето веќе се гледаат Пелистер и Работнички кои се апсолутни фаворити против Вардар Осигурување односно Торус.
Домаќинот АМАК СП го декласира МЗТ со 81:59. Агресивната одбрана на домаќините даде резултат па така ни еден гостински играч не забележа двоцифрен број на поени. Од друга страна дури 5 играчи на охридскиот тимимаа повеќе од 10 поени. Најефикасен на теренот беше Фрај со 16 поени. По натпреварот тренерот на Амак изјави дека е изненаден од лошото издание на Скопјани и дека сега сите погледи се насочени кон првиот фаворит на турнирот Фени. Од друга страна тренерот на МЗТ Александар Петровиќ беше тотално разочаран од изданието на своите кошаркари напоменувајќи дека ова е веќе трет пораз поголем од 20 разлика и дека црвенто светло е запалено. Фени од друга страна потешко од очекуваното го победи Вардар со 89:73. Тие губеа на полувремето а одлучувачката предност ја стекнаа по повредата на центарот на Вардар Кирил николовски. Најефикасни на теренот беа Кол со 28 кај Фени и Бојан Крстевски со 20 кај Вардар. Во женскиот дел на купот го добивме првиот финалист. Тоа е вигор кој го победи Куманово со 68:50.
{loadposition content9}