Зголемено нивото на Охридското Езеро
Нивото на водата на Охридското Езеро на 8 сантиметри од максималната дозволена кота. Тоа мора будно да се следи, бидејќи покачениот водостој на подземните води може да предизвика оштетување на крајбрежните објекти, посебно објектите кои кријат богати културно историски знаменитости, предупредуваат еколозите.
Неповолните временски состојби проследени со интензивини вренежи од дожд во изминатите денови ја променија вкупната хидролошка состојба на Охридско Езеро. Тоа резултираа со покачување на нивото водата, така што нивото на најголемиот природен басен во земјава е на 693,67 метри надморска висина или на 8 сантиметри од максималната дозволена кота. Изминативе денови нивото беше на само 5 сантиметри до максимумот. Еколозите предупредуваат дека засега не постои опасност, но состојбата мора будно да се следи, за да не се соочиме со последиците кои можат да настанат со зголемување на водостојот.
„Знаеме дека Охрид е туристичко место, има градби, туристички објекти културно историски споменици и доколку подземните води се покачат на повисоко ниво тогаш може да дојде до оштетување на самите објекти што се во близина на Охридското Езеро. Исто така може да дојде до оштетување и на сите на културно историските споменици што се тука како и на иконите од самата влага што доаѓа“ – вели охридскиот еколог Лазе Наумоски.
Наумоски предупредува дека една од најопасните работи која што може да се случи е тоа што, надојдените води може да ја блокираат колекторската функција во Враништа
„Тоа е многу лошо бидејќи знаеме дека колекторскиот систем потекнува од Охрид, заминува во струшкиот дел каде се прочистува и се влева во реката Црн Дрим и доколку нивото на Охридското Езеро се покачи доаѓа до негво блокирање ќе дојде до излевање на нечистотии фекалии во Охридското Езеро што тоа не е добро“ – вели Наумоски
Мора редовно да се контролира нивото на Охридскот езеро да има поголема регулација на истекувањето на водата преку Црн Дрим во Струга. Наумоски информираше дека со зголемување на нивото на водата позитивно е тоа што рибниот фонд мигрира, односно од албанска се префрла на македонска страна. Општо познато е дека на пролет обично доаѓа до зголемување на водостојот. Најкритично беше во 2010 година , кога Охридското езеро се искачи на 15 сантиметри од дозволената кота и го поплави охридското крајбрежје. Тогаш се поставуваа насипи од заштитни вреќи , но многу населби и куќи беа поплавени од подземните води поради високиот водостој.