Канаѓанката Маргарет Етвуд годинешен лауреат на Златниот венец на СВП
Канаѓанката Маргарет Етвуд годинешен лауреат на Златниот венец на СВП.
Маргарет Етвуд од Канада е годинешнито лауреат на „Златниот венец“ на СВП. Етвуд не е само поет и пистаел туку и активист за женските права во светот, истакна Славе Ѓорго Димоски претседателот на Управниот одбор на СВП.
„ Нејзината поезија што го понесе ова високо признание се движи меѓу животното искуство и митологизираните простори на човечката имагинација. Таа се залага за женското плебство, но и за двојноста на светот, женско -машко, ден – ноќ, црно- бело. Нејзината поезија координира и комуницира со целиот свет бидејќи се чувствува наративната нишка која пренесува приказна со доста метафори кои треба да откријат високо животно искуство“, кажа за ТВМ , претседателот на УО на СВП, Славе Ѓорго Димоски.
Добитничката на Златниот венец, на Струшките вечери на поезијата, Маргарет Етвуд е исклучителн творец кој е актуелен на сите 5 континенти, истакна Славе Ѓорго Димоски.