Несреќа со авионите на FlyDubai била неизбежна поради преоптеретеност на нивните пилоти, рекол еден од поранешните пилоти на таа компанија за телевизиската куќа RusiaToday.
Авионот со 55 патници и седум членови на екипажот се урна пред три дена при обидот за слетување на аеродромот во Ростов на Дон. Ниту еден не ја преживеа несреќата кој се случи при голема намалена видливост.
Поранешениот пилот изјавил дека управата на компанијата била запозната со проблемот со замор на пилотите, но никој ништо не превземал.
“Додека работев во компанијата една од последните работи на која укажував до управата беше тоа дека ќе дојде до несреќа поради замор на пилотите”, навел тој.
Спрема неговите зборови, причината за заморот на пилотите е едноставна – премногу работеле и не им било давано доволно време да спијат помеѓу летовите.
Тој за рускката телевизија покажал документи од кои се гледа дека пилотите добивале голем број летови еден по друг.
“Сите во компанијата добиваа опасни смени од дневни до ноќни летови и потоа повторно, без оглед дали е тоа ден или ноќ”, вели екс капетанот во FlyDubai.
Тој изразил уверување дека недостаток на сон е една од причините за падот на FlyDubai кај Ростов на југот од Русија во кој загинаа сите.
RusiaToday дошла до дневникот за летови на заменикот капетан во авионот кој се сруши и од кој се гледа дека Alehandro Kruz Alava пред несреќата работел 11 дена по ред, со само еден ден одмор.