Skip to main content

Одбележан „Светскиот ден на бубрегот“- 12 март

Со навремена дијагноза ќе се спречат бубрежните заболувања.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого
Навремената дијагноза може да спречи појава на бубрежна болест. Нерегуларниот висок крвен притисок сериозно ги оштетува  бубрезите, всушност тоа е и една од главните причини за хронична бубрежна болест. Преку редовни контроли, испитувања  и  навремена дијагноза пациентитре можат да се заштитат од   евентуалните  бубрежни заболување, порачуваат стручните лица. За жал, факт е дека кај нас луѓето одат на лекар исклучиво ако имаат потреба за тоа.

Бројот на бубрежно болни за жал се повеќе расте, не само во светот туку и во  Македонија. Последните податоци покажуваат дека во моментов нивниот број изнесува  од 50 до 100 бубрежно болни на 1 милион популација. Во “Заводот за Нефрологија“ во Струга, моментално се лекуваат 120 бубрежно болни, пациенти од Охрид, Струга, Ресен и Кичево.

nefrologija„Треба да се работи на едукација на граѓаните, кај нас тоа е на многу незадоволително ниво. Дијализа во Струга има пациенти и од Албанија, располагаме со современа апаратура но сепак заложбите ни се да не дојде до лекување туку до спречување на евентуални бубрежни заболувања„-вели Д-р Вангелка Коваческа-Шапеска.

Денес, бидејќи се одбележува „Светскиот ден на бубрегот“- 12 март, како и во останатите центри за дијализа низ државава така и во Струга, се организира бесплатен преглед. Одзивот утринава беше  задоволителен.
Пациентите ги прегледуваше интернист, им се мереше  крвен притисок и  се вршеа испитувања на уреа и креатин во крвта. Акцијата е под покровителство на Министерството за здравство.

 

 

 

{loadposition content9}