Skip to main content

Печатеното издание на The Independent замина во историјата

“Денес застанаа нашите ротациони машини, мастилото се исуши…”

 |  инфодеск  | 

Вработените на британскиот дневник The Independent чија продажба беше во голем пад веќе неколку години, во петокот за последен пат ги пуштија во печатење весниците кои се спремаат во потполност да преминат во дигителен формат.

Новинарите на овој дневник основан пред помалку од 30 години објавиле фотографии на социјалните мрежи кои ги прикажуваат екипите како тропаат по масите што претставува традиционален поздрав при заминување на колеги. Во последниот уводник, The Independent пишува како ќе се сеќаваат на храброто преминување во 100% дигитален формат како пример кој треба да го следат останатите весници ширум светот.

“Денес застанаа нашите ротациски машини, мастилото е суво и наскоро нема да има гужвање на хартија. Но, додека едно поглавје се затвора, друго се отвора и духот на The Independent ќе продолжи да се шири”, се наведува во уводникот на весникот.

Сопственикот на весникот, Британец  со руско потекло Евгениј Лебедев, кој минатиот месец го најави крајот на хартиениот весник, напишал дека новинарството потполно е променето и дека The Independent морал да се промени.

The Independent е содаден во 1986 година, и беше национален весник со најмалку изданија во Велика Британија, далеку зад таблоидите Sun и Daily Mail и големите Times, Guardian или Daily Telegraph. Во врвот во 1989 година, весникот познат по своите ангажирани наслови и важноста на фотографијата, излегуваше во повеќе од 420.000 примероци дневно, додека денес не успеваше да продаде повеќе од 40.000.