Skip to main content

Записниците од охридскиот Општински инспекторат покажуваат поголема дисциплина на граѓаните и фирмите

Извештаите на охридскиот Општински инспекторат покажуваат  поголема дисциплина на граѓаните  и фирмите.

 |  Валентина Неловска  | 
охрид

Според извештајот на Општинскиот инспекторат за 2015 година охридските инспектори по туризам имале најмногу работа. Споредбено  извештаите од 2015   и 2014 година не покажуваат големи отстапувања од она што го сработиле општинските  инспектори од повеќе сектори, информира Томе Џамтоски портпарол на ЛС.

лебеди„ Генерално цифрите  по обем се приближни, но она што радува е дека има поголема дисциплина и кај  граѓаните и на фирмите во однос на дејностите со кои тие се занимаваат и што нашите инспекотри го  наоѓаат на терен“, подвлекува Џамтоски.


Од општинскиот инспекторат уверуваат дека се доволно кадровски комплетирани за да се справат со граѓаните и фирмите кои евентуално нeма да ги почитуваат законските прописи.


„Екипирани сме дури и правевме внатрешна реорганизација. Имаме и овластен  градежен инспектор. Екипираноста може да е и поголема, но она што го имаме во моментов  како човечки ресурси може да одговори на она што ќе е предизвик во летнатa туристичкa сезoна“, вели Џамтоски.  
 
чаршијаВо минатата година инспекторите по туризам направиле 558 контроли на хотели  и на приватни станоиздавачи  од мал обем, изготвиле  513 записници, донесле 7 решенија и 5 опомени. Градежните  инспектори примиле 167 предмети и подготвиле 167 запсиници, а се поденсени 25 прекршоќни пријави и 3 кривични пријави. Од секторот за сообраќај, инспекторите направиле 400 контроли врз такси возила и 95 возила за линиски превоз. Инспектoрите од секторот за животна средина извршиле 144 редовни надзори, изготвиле 356 записници и изрекле 167 решенија. Според законските регулативи се направени 178 заклучоци за запирање на постапката, а процесите ќе се одвиват пред републичките органи, информира општинскиoт портпарол Томе Џамтоски.