Интерес за ловен туризам во струшко има ама нема доволно дивеч
Интерес за ловен туризам во струшко има ама нема доволно дивеч.
Ловното друштво Превезан од Струга под концесија на 10 и 20 години има два ловни терени. Ова ловно друштво постои од 1957 година информира претседателот на ЛД Превезан Климе Бицевски. Едниот терен е планински и се наоѓа во Долна Белици, а другиот е во поле и е во атарот на селото Драслајца. За концесијата на државата и плаќаат 90.000 денари годишно, напоменува Бицевкси Додава дека во друштвото денес има 150 ловџии членови, а пред три децнии нивниот број бил и до 1000 ловци. Членарината е 3500 денари годишно, вели претседателот на Превезан. Ловџиите најчесто ловат она што е дозволено во сезона.
„ Ситен дивеч , прелетенкако што се потполошки , прлици , потоа гулабот, патка. Од 1 октомври се ловата дивата свиња, фазан, зајак, шумска шљука, се лови во две етапи“,појаснува Бицевски.
Ловџиите од струшки Превезан се обиделе да направат репроцентар за фазани и диви зајаци ама не се покажало успешно, појаснува Бицевски. Вели странците покажуваат интерес за ловен туризам.
„ Интерес има претежно од италијанци, но да се поканат треба да има вишок на дивеч за да има и за нив и за нашите членови. Но тоа е тешко. На поедини терени има еребица за да се дозволи одстрел за да има прилив н апари во друштвото “, укажува Бицевски.
Ресорното министерство објави јавен повик за давање под концесија на дивечот во ловишта во Струга. Концесиите на дивечот се доделуват од 10 до 20 години во зависност дали се работи за ситен или за крупен дивеч. Право на учество на јавниот повик имаат домашни и странски правни лица кои ќе ги исполнат условите во тендерската документација. Рокот за поднесување на понуди е најдоцна до 25 април 2016.