Skip to main content

Изградбата на хотелскиот комплекс кај Св. Стефан не придзвика интерес кај граѓаните за дебата

Изградбата  на хотелскиот комплекс кај Св. Стефан не придзвика  интерес  кај  граѓаните за дебата.

 |  Валентина Неловска  | 
хотел

 Слaб граѓански интерес за јавна дебата за хотелскиот комплес кај Св Стефан.  Денес  се презентираше извештајот за стратегиска оценка на животната средина за локалната урбанистичка планска документација за овој туристички комплекс кој ќе се гради на 5000 метри квадратни. Емил Стојановски, екперт за стратешка оценка на животната средина кој го изработи документот, истакна дека во дозволените рамки за заштита на воздухот, подземните и површинските води,  бучавоста и управуавњето со отпадот,  даваат позитивно светло за  изградба на хотел на овој локалитет.

хотел„ Овој извештај е при планирање, а  се друго е оставено со архитектонско урбанистичкиот проект. Доколку има надминување на можни влијнија врз животната средина препорка е да се најде алтернатива, компензирање или минимизирање на евентуалните штетни загадувања на животната средина “, истакна Стојановски.

Борче Стојански, од ЕД Грашница и советничката  Жаклина Лазаревска, од редовите  на СДСМ, беа меѓу малкумината  граѓани кои се појавија на јавната дебата. Советничката Лазаревска  при тоа посочи дека нити  еден економски бенефит не смее да биде на штета  на Охридското езеро. Забелешка стави не само  на незаинтересираноста на јавните дебати кај  граѓаните  туку и кај охридските советници кои треба потоа да гласаат за одредени одлуки во советот. Таа побара да се слушне гласот и на мештаните, а во изготвувањето на  стретегиските оценки во извештаите да се вклучат и охридски експерти по екологија.

хотел„ Сметам дека за секоја студија за која се расправа  треба повеќе да обрати внимание и на луѓето кои живеат во таа средина, да се испочитуваат нивните желби. За овој извештај не знам  дали има сознанија од анкета од мешатните, какви се барањата за тој план, и ако сакаме да си го заштитиме езерото да внимаваме повеќе на овие работи“, порача  Лазресвска.  
 
Борче Стојаноски од ЕД „Грашница “ напомена дека и претходно реагирале на одржување на јавните расправи за кои има мал интерес од јавноста за да дадат свој придонес. Побара претходна поголема, засилена медиумска  инфромираност .

„Навистина граѓаните не доаѓаат на јавни расправи, а после тоа има разни негативни коментари,  кукаат, викаат. Ние побаравме да се најде некое друго решение,“предложи Стојаноски.

Од одделението за животна средина екологија  при Локалната самоуправа истакна дека сите предлози и забелшки во писмена или усна форма  граѓаните може да ги достават кај нив до 12 април.