Skip to main content

Понатамошниот опстанок на жолтиот локвањ кај Мазија зависи од еколошки чистата средина

 Понатамошниот опстанок на жолтиот локвањ кај Мазија зависи од еколошки чистата средина.

 |  Валентина Неловска  | 
локвањ

Растителниот и механичкиот отпад фрлен во езерските води на потегот кај Мазија го загрозува опстанокот на жолтиот локвањ. Во минатата година заради неповолни антропогени  влијанија дошло до негово исчезнување. Во 2006 година со проект на македонското-лимнолошко друштво беше вратен во неговото некогашно живеалиште, вели д-р Марина Талевска, од Македонското лимнолошко друштво.  За таа цел локалитетот кај Мазија се исчисти од сите видови на отпадоци  и локвањот беше донесен од Калишта, појаснува Талевска. За да не дојде до негово повторно уништување таа  повикува надлежните да водат поголема грижа.

локвањ„Неговото ширење зависи од чиста средина во која живее и за тоа треба да има поволни услови. Да нема големи количини на тиња, разни органски и неоргански материи, распаднати растенија и механички отпад, подвлекува др. Талевска.

Лисјата на локвањот почнуваат да се појавуваат во месец април, а цвета од мај до октомври во зависност од временските услови. Во моментов сликата која ја затекнавме на потегот кај Мазија му се заканува на овој растителен вид. Лимнолозите  повикуваат граѓаните да не фрлаат отпадоци во езерските води, а  надлежните  институции да го исчистат овој потег.

„ Апелираме до Локалната самоуправа, до одделението за екологија и животна средина и до ЈП Комуналец, да се следи континуирано состојбата на тој  локалитет и да се чисти за да може  жолтиот локвањ  нормално да се развива“, посочува др. Талевска.
 
локвањ

Засега локвањот вирее на потегот кај Мазија благодарение на ревитализацијата и кај струшкиот потег во близина на Калишта. Во охридското блато ова растение е во опасност  од исчезнување и скоро и да го нема, напоменува лимнологот др. Марина Талевска.

Елена Скрческа,  директор на ЈП Комуналец, за ТВМ информира дека со заедничка Стратегија со  лимнолозите се подготвени да пристапат кон расчистување на овој потег за да се  спречи евентуалното изгинување на жолтиот  локвањ.