Skip to main content

Охриѓанчињата од градинките се вклучија во одбележување на Меѓународниот ден на спортoт

Охриѓанчињата од градинките  се вклучија во  одбележување на  Меѓународниот ден на спортoт.

 |  Валентина Неловска  | 
sport

Децата згрижени во градинката  „Јасна Ристеска“ го одбележаа Меѓународниот ден на спортот. Се растрчаа и се  дружеа во спортската сала на СРЦ Билјанини извори.  Многу од нив кажаа кој им се  омилени  спортови.
Намерата на вработените од детската градинка е кај најмладите да  созададат спортски навики, вели Роза Костеска директорка на Јасна Ристеска. Во таа насока од градинката редовно реализираат спорстки програми. Традицоналните игри од минатото се дел од тие проекти наведува Костеска, а ја потенцира и  денешната цел со вклучување во Меѓународниот ден на спортот.

општина„ Денешниот ден го искористивме да го посетиме  рекреативниот центар  децата да се запознаат со спортскитереквизити, но  и со спортските терени со кои располага нашиот град , а не само СРЦ Билјанини извори. Ова е со  цел да се создадат навики за да го практикуваат  спортот , да учествуваат во спортските активности како навивачи и  да се создадат здрави животни навики. Децата да се отргнат од нездравите навики како што се седење пред компјутер  и телевизор“, подвлекува Костоска.
 
 Ристе Мишев, директор на СРЦ Билјанини извори, за денешната посета на децата од градинките во нивниот спортски центар напомена  дека целта е да им се доближат спортските можности и терените на најмладите. Еден ден се надеваме дека повеќето од овие деца рекреативно ќе тренираат на спортскиот центар или пак ќе ги бранат боите на некој од охридските  спортски клубови, напомена Мишев. Тој е задоволен од тоа колку охриѓани спортуваат.
општина
„ Терените  на СРЦ Билјанини извори се  максимално искористени. Претходниве денови се одржаа школски турнири од средните и основните училишта. Терените се користат максимално и од страна на сите фудбалски школи и клубови, искористени се и од рекреативците кои тренираат на кошаркарските терени, спортската сала. Од година во година тешко е да се најде слободен термин во спортско рекреативниот центар“, вели задоволно Мишев.

Меѓународниот ден на спортот во Охрид ќе се одбележува и  во текот на утрешниот ден со други спортски активности.