U: Plug е решение настанато поради проблеми од големи количини на кабли, полначи и штекери кои се потребни за едно технолошки освестено лице да ги наполни своите уреди. U:Plug како компанија постои повеќе од една година колку што траел и развојот на производот на кој работеле десетина лица, тројца редовно вработени и пет надворешни соработници.
Станува збор за хрватска фирма од Осијек која е ориентирана на развој на иновативни решенија и затоа тие работат континуирано на нови производи и технологии. Како што објаснува Иван Јелушиќ, директор на U:Plug, основна идеја на оваа иновација е ефикасно искористување на стандардниот единечен штекер со цел полнење на два уреди истовремено и додаток на класичен 220 V приклучок, со иновативни можности.
“U:Plug е ѕиден штекер кој освен стандардниот приклучок за 220 V на себе има две УСБ порти, систем за сигнализација од лед диоди и држач за полнење. Самиот производ претставува значајна иновација во дизајнот, користењето и функциите на слични уреди. Горди сме што U:Plug има еден од најнапредните електронски системи за полнење на мобилни уреди ки испорачуваат 5V и 2 A на секоја УСБ порта. Системот од лед диоди ја сигнализира фазата на полнење, додека држачот на самиот штекер го чува уредот од оштетувања додека се полни”, вели Иван Јелушиќ, директорот на U:Plug.
“Реакциите на нашите купувачи се повеќе од добри. Секој ден во канцеларијата ме чекаат неколку е-маил пораки на задоволни корисници и затоа го работиме ова. Нашите цели се да достигнеме дистрибуција ширум Европа од 40.000 парчиња годишно низ следните месеци и да ја прошириме линијата на наши производи од оваа категорија”, додава Јелушиќ.