Косово сака членство во Интерпол и Европол
Заменик-министерот за внатрешни работи на Косово Фатмир Џелили соопшти дека во април неговото Министерство ќе поднесе молба за членство во Интерпол и Европол.
| Крсте Голабовски | Свет
лого
Заменик-министерот за внатрешни работи на Косово Фатмир Џелили соопшти дека во април неговото Министерство ќе поднесе молба за членство во Интерпол и Европол.
Џелили за Радио Слободна Европа изјави дека молбата ќе биде поднесена од името на Владата на Косово.
Џелили за Радио Слободна Европа изјави дека молбата ќе биде поднесена од името на Владата на Косово.
Радиото сепак коментира дека поради малиот број држави кои го признале Косово и поради фактот што Косово не е член на ОН, тешко ќе може да обезбеди членство во Интерпол. Единствениот механизам преку кој може да соработува со Интерпол е мисијата на ОН УНМИК, која е одговорна за меѓународната соработка на Косово со земјите и институциите кои го немаат признаено Косово.
УНМИК, како и мисиjaта на ЕУ ЕУЛЕКС, ќе отворат специјална канцеларија која што ќе се занимава со соработка со полициските структури и организации.
{loadposition content9}