Фантомски гласачи има и на улицата Марко Нестороски во Охрид
Фантомски гласачи има и на улицата Марко Нестороски во Охрид.
На улицата Марко Нестороски бр. 28 каде што живее охридската советничка од редовите на СДСМ , Жаклина Лазреска, има непознат гласач. Од 2013 година на нивната адреса гласа лицето Даниел Богдан, роден 1991 година, кое Лазареска и нејзиното семејство не го познаваат, а според избирачкиот список ова лице е евидентирано на нивната адреса.
И 8 непознати други лица гласаат на ова улица кај нејзините соседи. Лазареска тврди дека од 2013 се до сега се обидела да пријави до надлежните институции тоа лице да биде избришано од нејзината адреса на живеење , но до ден денес тој обид останал без успех. И од ДИК и од МВР се огласуваат за ненадлежни за случајот, тврди Лазареска.
„Голготата е долга. Ако институциите затајуваат за некој локален функционер , јас сум советник во општината и сите ме познаваат т,огаш што се случува со анонимните лица кои невиделе, непровериле и нереагирале. Апелирам до надлежните институции да преземат одговорност како што од нив очекуваат граѓаните“, порачува Лазареска.
Дамјан Манчески , шефот на изборниот штаб на СДСМ од Охрид истакна дека хаосот со прочистувањена ибирачкиот список продолжува. На 4 дена пред рокот за завршување на операцијата за пречистување на избирачкиот список ДИК на јавноста не и соопштува како ќе ја завши оваа операција. При тоа тој наброја низа примери кои според него упатуваат на тотално несупешената операција за пречистување на избирачкиот список. Манчески наброја низа примери. Истакна дека од вкупно 330.000 сомнителни гласачи на терен биле проверени само 83.680 гласачи. Во 40.113 случаи анкетарите не се сретнале со испитаниците. Во 1043 случаи гласачите кои биле предмет на проверка не живееле на наведената адреса, а ДИК смета дека ова не е доволна причина тие да бидат избришани од ИС, подвлече Манчески. Во 8.824 случаи се наведени други причини со кои анкетарот не се сретнал со испитаните лица заарди руиниран објект, јавна институција или објкетот не постоел, па ДИК не сака да ги тргне од списокот. Манчески наведе дека нема согласување на броењето на анкетните листови , компјитрески каде што има 10.400 ,а при рачното броење има 6500 анкетни листови и нема одговор дали анкетарот се сртанал со испитаникот. Според компјутерската анализа недостасуваат 414 анкетни листа ,а според рачното броење фалат 248 анкетни листови. Манчески се прашува како е можно да фали и еден анкетен лист.
„ Согласно мнозинството на ДИК нема алатка за бришење на гласачите. Целта на мнозинството на ДИК е целосно закочување и оневозможување на прочистување на избирачкиот список и да се оди на избори со стариот избирачки список. Ние во такво политичко насилство нема даучествуваме. Не постојат услови за регуларни, фер и демократски избори на 5 јуни. Ние на такви избори нема да учествуваме“, истакна Манчески.
Шефот на изборниот штабна СДСМ ги повика сите сите слободоумни граѓани без разлика на политичката определба да ја прифатат платформата за слободна и демократска Македонија и да не учествуваат на изборите на 5 јуни.