Skip to main content

Нови мопеди за охридските поштари

Се олеснува работата на разнесувачите на пошта во делот на доставата. Старите велосипеди и мопеди, се заменуваат со нови. Директорот на охридската подружница на Македонски Пошти, Сејфула Хани вели дека тоа пред се ќе биде добредојдено за поштарите во руралните средини кои носат пошта на подолги релации.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Нови мопеди за побрза и поквалитетна достава на пратките. Македонски пошти набави 120 мопеди наменети за достава на поштенски пратки. Мопедите се со препознатлива жолта боја со странично поставени сандачиња за багаж, прицврстени на задниот дел, кој овозможува пренесување на пратки со максимална тежина до 30 килограми. Охридската подружница најверојатно ќе добие околу десеттина, открива првиот човек Сејфула Хани. Целта е задоволни корисници а со тоа и успешна компанија, додава тој. Хани нагласи дека овој чекор на Македонски пошти посебно ќе ги израдува разнесувачите на пошта во руралните средини кои поминуваат повеќе километри. Исто така спомна дека најверојатно ќе се промени и начинот на задолжување на поштарите со новите мопеди.

„Имаме во нашата подружница и други мопеди така што сега е редот старите да се заменат со нови. Мислам дека со ова набавка ќе се олесни многу работата на поштарите. 01:10+03:08 Сигурно ќе има некој друг терк на договор. Можеби ние ќе ги сервисираме и нема да биде на име на поштарот туку моторот ќе биде за реонот за да може да го користи и оној кој го заменува“ – истакна Хани.

На територијата на општина Охрид има 20 поштари а на ниво на подружницата околу 50, информираше Хани. Додава дека потребен е дополнителен кадар и наскоро треба да биде објавен оглас за прием на нови. Хани вели дека задоволен е од работата на поштарите и воопшто од сите вработени бидејќи биле меѓу најдобрите подружници во Македонска Пошта.

„Досега ние имаме контакти со странките и немаме некои посериозни забелешки. Сигурно дека нашите поштари се квалитетни, добро обучени, си ја знаат работата… се соочуваат со сериозна обврска, а јас како директор задоволен сум од нивното работење“.

Хани нагласи дека се соочуваат со голем обем на работа. Додава, со оглед на тоа дека нашиот град е најголемиот туристички центар успеваат да ги реализираат сите обврски навремено и точно, а тоа го покажувал и последниот позитивен извештај на подружницата на Охрид која е составена од 22 поштенски единици и три работни единици Охрид, Струга и Дебар.