Мал број на охридски ученици се занимаваат активно со спорт
Мал број на охридски ученици се занимаваат активно со спорт.
Третоодделенците од Христо Узунов денес имаа спортски ден. Со нивните наставници беа во посета на спортските терени и охридски клубови. Марија , Мина и Кристијан се ученици во ова оснвно училиште и се дел од основците кои се дружат со спортот. Тие во своето слободно време надвор од училишните обврски практикуваат спортски активности.
„Марија веќе една година тренира карате. ма жолт појас и вели дека и е добро и интерсно во овој спорт. Мина пак тренира тенис . И таа се чувстува убаво додека спортува иако признава дека е помалку уморна ког адоѓа дома ама и интересно. Нивниот школски другар Кристијан се приклучува кон разговорот, открива дека со другарите доаѓа на спорстките терени кога е убаво времето за да играат фудбал.
Душко Крстески професор по фискултура во ОУ Христо Узнов за денешниот спортски ден вели дека се слулува во соработка со градскиот Сојуз на спортови,а целта е децата да се запознаат со спортските можности кои ги нуди градот. Професорот вели дека спортот треба да им се доближи што повеќе на децата и треба да им се овозможат услови да тренират. Признава дека мал број на деца од нивното училиште се занимаваат активно со спорт.
„ОУ „Христо Узунов“ е едно од најголемите училишта во градот и има 150 ученици кои активно спортуваат одреден спорт. Но, ако се земе предвид бројот дека има 1300 ученици овој процент е многу мал. Дечињата се повеќе се пред компјутер и ТВ одколку на спортските терени. Од денешната посета преку 80 посто од децата прв пат се среќаваат и доѓаат на спортските терени“, истакна професорот Крстески.
Коста Карадимче претседател на градскиот Сојуз на спортови напоменува дека со спортските можности и клубови ќе се запонаат и другите ученици од оснсовните училишта.
„ Целта е со ваквите посети да се анимираат учениците со спортските активнсоти кои ги имаме во градот за во иднина да се занимваат со спорт било рекреативно или професионално. Децата да не се опседнати само со секојдневното учење во училиште туку и да се занимаваат со спорт кој е многу важен во нивниот психофизички развој, “ вели Карадимче.
Од Сојузот на спортови на град Охрид планираат низа други активниости со учениците , како што се посета на важни спортски натпревари на охридските тимови и одржуавње на атлетски крос за сите ученици од градот во месец мај.