Skip to main content

Протести и контрапротести поради одлуката на претседателот Иванов

Одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги запре сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата предизвика протестите на повеќе локации во Скопје.

logo

Одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги запре сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата предизвика протестите на повеќе локации во Скопје.

Граѓани протестираа пред Народната канцеларија на претседателот Иванов, како и пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ. До протест дојде и пред седиштето на СДСМ.

protestiОдлуката на претседателот Иванов предизвика и критики не само од опозициските партии предводени од СДСМ, туку и од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, како и од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и странските мисии во Скопје.

Според нив, постапката на македонскиот претседател ги загрозува изгледите на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Хан изрази сомневање дека во такви околности претстојните парламентарни избори би можеле да бидат и кредибилни.

Од одлуката на Ѓорге Иванов се незадоволни и симпатизери на партијата која го предложи за Претседател на државата. Група неколку стотици незадоволни граѓани се собраа пред седиштето на СДСМ на улицата Бихаќака и протестираат затоа што лидерот на опозиционата партија Зоран Заев по вторпат е помилуван од претседател за кривични дела за кои се води постапка.

Протестите беа организирани преку социјални мрежи. Пред влезот во просторот на седиштето на СДСМ има полициски кордон, а демонстрантите се собрани во близина на полицајците.

До 22:40 часот немаше никакви инциденти меѓу демонстрантите и полицијата.