Skip to main content

Во Македонија денеска ќе се засадат пет милиони дрвца

Под мотото „Ние два милиони, станавме светски зелен бренд – излези засади и инспирирај ги останатите шест милјарди“ денеска во 30 општини во Македонија ќе бидат засадени пет милиони нови садници во рамки на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“.

logo
лого
Под мотото „Ние два милиони, станавме светски зелен бренд – излези засади и инспирирај ги останатите шест милјарди“ денеска во 30 општини во Македонија ќе бидат засадени пет милиони нови садници во рамки на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“.
Два милиони садници ќе можат да ги засадат граѓаните, а останатите три милиони ќе бидат во семе и ќе ги посеат вработените во Јавното претпријатие „Македонски шуми“.
Како што истакнаа организаторите на акцијата оперскиот пеач Борис Трајанов и Љупчо-Бубо Каров, превозот и овој пат ќе биде бесплатно организиран за подалечните локации.

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски ќе засади садници во месноста Трновец,  во близина на село Кетеново, Кратовско, вицепремиерот Зоран Ставрески во месност Ајватовски рид, а министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и претставници на дипломатско-конзуларните мисии и меѓународни организации на стрелиштето Камник.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе засади дрвца во месноста Стрелиште во близината на Дебар, министерот за економија Фатмир Бесими на локалитетот Кукударка кај Тетово, а министерот за здравство Бујар Османи во атарот на гостиварското село Чегране.
Во акцијата ќе бидат вклучени и претставниците на локалната власт, кандидатите за градоначалници и естрадните ѕвезди.
Пеачите Ламбе Алабаковски и Гоце Арнаудов дрвца ќе засадат во Кратово, Кристина Арнаудова и Момо Николовски ќе бидат во Куманово, Раде Врчаковски и Петар Нечовски ќе садат во Охрид, Анета Наковска, Маја Вукичевиќ и Наумче Мојсоски во Скопје, Зоран Џорлев и Индира Кастратовиќ во Струга, Дани и Ани Малинкова во Тетово, „Паркети“ и Мартина Димовска во Делчево, Атина Бојаџи во Виница, Елена Георгиева и Искра Трпева во Гостивар, Мишко Крстевски и „Нокаут“ во Кавадарци, Елена Ристеска во Крива Паланка.

akcijaВо акцијата со околу 1.900 припадници од седум армиски гарнизони на 16 пунктови низ Република Македонија активно ќе се вклучи и Армијата на Република Македонија.
Припадниците на АРМ ќе засадат  садници во Скопје на пунктовите: Миладиновци, Скопска Црна Гора и Кадина Река, во Битола на пунктот – Бел Камен, во Охрид на пунктовите – Подмоље и Оровник, во Тетово на пунктовите – Старасево и Теново, во Гостивар на пунктот – Рудине, во Македонски Брод – на пунктот Видуш Карпа, во Куманово на пунктовите – Врачовце и Слупчане, во Прилеп на пунктовите – Никодин и Алинци, во Штип на пунктот – Калимерово, – во Велес на пунктот – Отовица. Во Крива Паланка на пунктот – Баштево, во Кичево на пунктот – Брждани, во Кочани на пунктовите – Злетовска Река и Ождимица, во Радовиш на пунктот Смрдешник, во Свети Николе на пунктот – Хаџибегово и во Виница на пунктовите – Црн Камен и Исти Бања.
Во оваа акција припадниците на АРМ се очекува да засадат над 600 илјади различни млади дрвца.
По примерот на Македонија на 20 март дрвца првпат ќе засадат граѓаните на Црна Гора, а во октомври се очекува Денот на дрвото да се реализира на ниво на целиот Балкан.

Во првата акција на 12 март минатата година граѓаните засадија два милиона дрвца, а лани на 19 ноември шест милиони во еден ден. Акцијата е помогната од Владата на Република Македонија, ЗЕЛС и НВО-секторот, дипломатскиот кор, македонската естрада, истакнати актери, спортисти и компании од државата.

 

 

 

{loadposition content9}