Охрид нема Програма за поставување на времени објекти
Охрид нема Програма за поставување на времени објекти.
Програмата за поставување на времени објекти која требаше уште пред скоро 2 години да ја изготви ЛС не е готова. Томе Џамтоски , портпаролот на општина Охрид информира дека таа е на разгледување во Министерството за транспорст и врски.
„Не се 2 години туку 1 година и 3 месеци и се испреплетени повеќе интереси. Но, ЛС треба да работи според Законот и во интерес на граѓаните , па според тоа конечно програмата за поставување на времени објекти е завршена и по втор пат е доставена во МТВ со одредени забелешки. Се надеваме наксоро ќе имаме позитивен одговор на програмата за цела територија на Охрид“, информира Џамтоски.
Портпаролот нема прецизен одговор пред колку време секторот за урбанизам со заблешките ја вратил Програмата на поворно разгледување до ресорното министерство.
„Како што реков, доставена е еднаш, вратена е назад со заблешките, но не ме држете за збор дали е пред два или еден мецес. Но, очекуваме во најбрз можен рок позитивен одговор. Тогаш ќе биде презентирана пред јавноста со податоци колку и каде ќе бидат поставени објектите“, напоменува Џамтоски.
За потсетување, од времените објекти пред 2 години во Охрид езгистираа 1000 луѓе. Од декември 2014 од ЛС тврдат дека Програмата за поставување на времени објекти е дадена на согласност во Министерството за транспорт и врски според изработен првилник од секторот за урбанизам и дека по нејзиното одобрување повторно ќе бидат поставени времените објекти. Пред две години кога започна одстанувањето на трафиките од повеќе локации низ гардот, а кои беа со различни дејности, од локалната самоуправа најавуваа дека идните сопственици ќе мора да ги почитуваат точно утврдените правила на игра. И додека некои од времените објекти низ градов беа тргнати, други пак останаа да работат. Од Локалната беа категорчини дека порано или подоцна сите времени објекти ќе бидат отстранети. Објаснуваа дека оние кои не се вклопувале во развојната програма за урбанизам за 2015 година биле отстранети први, а останатите кои не пречат на урбанистичкиот план ќе бидат отстранети подоцна.
Во Охрид од 107 времени објекти 70% се отстранети. На дел од одстранетите објекти просторот сеуште не е расчистен.